Земјата не престанува да се тресе: Нови земјотреси во Хрватска

Централна Хрватска изутринава повторно беше погодена од два посилни потреси со епицентар на подрачјето на Петриња.
Земјотресот кој се случи во 6:15 часот изутринава бил со магнитуда од 4,7, а вториот, нешто подоцна, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, изјави за Хрватското радио Инес Иванчиќ, раководителка на Сеизмолошката служба.
Таа потврди дека тлото и натаму ќе се тресе. „Да, ќе се тресе уште подолго време. Потресот во вторникот беше разорен и по него, со голема сигурност, ќе има голема низа потреси, меѓу кои, сосема сигурно, ќе има и посилни“, изјави Иванчиќ, а пренесува агенцијата Хина.


Таа поттрди дека и послабите земјотреси, како двата ова утро, ќе имаат влијание на објектите во Петриња и Сисак, кои се оштетени од вчерашниот земјотрес. Според Иванчиќ, од понеделникот досега во тој дел до Хрватска имало „огромно количество“ помали потреси. Пoтреси има речиси секоја минута, рече Иванчиќ, наведувајќи дека имало барем 25 до 30 земјотреси со јачина од над 3 степени.
Вчерашниот силен земјотрес во Петриња однесе седум животи, а хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчеравечер изјави дека „веројатно“ бројот на жртвите ќе се зголемува.
Петриња како Хирошима – го снема половина град во земјотресот
Нов силен земјотрес во Хрватска, загина дете
Спасувачките екипи трагаат по преживеани. До вчеравечер, со помош на кучиња трагачи, пронајдени и извлечени од под урнатините беа шест лица. Многу објекти во Петриња се урнати. Градоначалникот Даринко Думбовиќ изјави дека „градот е руина“. „Ова е катастрофа“, оцени тој по потресот со јачина од 6,4 стпоени според Рихтеровата скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.