Нов Зеланд соопшти дека не регистрирал ниту еден случај на локално пренесување на коронавирусот 100 дена.
Од почетокот на глобалната пандемија на коронавирусот, Нов Зеланд е поздравен како пример како да се справи со вирусот, со 1.219 случаи и 22 смртни случаи.
– Постигнување 100 дена без пренесување во заедницата е значаен чекор, меѓутоа, како што сите знаеме, не можеме да бидеме задоволни. Видовме во странство како вирусот може брзо да се појави и да се шири на местата каде што претходно беше под контрола. Ние мора да бидеме подготвени да го искорениме секој иден случај во Нов Зеланд – рече Д-р Ешли Блумфилд во изјавата.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн се покажа како добар водач во кризата, поради што нејзината популарност се зголеми за време на пандемијата.






