Земјотрес во Кремљ, никој не го очекуваше ова! Путин го „отстрани“ својот најблизок соработник поради голема грешка со Трамп

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се чини дека ја изгубил наклонетоста на Кремљ по катастрофалниот разговор со американскиот државен секретар Марк Рубио, што доведе до прекин на самитот меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп , објави ,,Москва тајмс“.

Лавров (76), кој беше на чело на Министерството за надворешни работи повеќе од 20 години, не се појави на важниот состанок на Рускиот совет за безбедност, на кој претседаваше Путин на 5 ноември.

На состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност, вклучувајќи го и Лавров, Путин им наложи да разгледаат предлози за продолжување на нуклеарните тестови, кои Русија последен пат ги спроведе во 1990 година.

„Лавров намерно отсуствуваше од состанокот“, изјави извор за „Комерсант“. Лавров беше единствениот постојан член на Советот за безбедност кој го пропушти овој важен состанок.

Лавров, исто така, го загуби статусот на шеф на руската делегација на самитот на Г20 . Оваа година, таа ќе ја предводи заменик-началникот на кабинетот на претседателската администрација, Максим Орешкин, објави во четврток портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, одлуката за назначување на Орешкин ја донел Путин.

Самиот претседател повторно одлучи да не присуствува на самитот на Г20, кој ќе се одржи оваа година во Јужна Африка, која е потписничка на Римскиот статут и е должна да го уапси Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Поради налогот за апсење на МКС, Путин не можеше ниту да лета за Бразил на самитот на БРИКС во 2025 година, а во 2022 година го пропушти самитот на Г20 на Бали. Во двата случаи, Лавров беше шеф на руската делегација.

Ветеран во руската дипломатија и поранешен постојан претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, Лавров имаше телефонски разговор со Марко Рубио на 21 октомври, за време на кој требаше да разговара за условите на претстојниот самит меѓу Путин и Трамп во Будимпешта.

Сепак, Рубио препорача Трамп да го откаже состанокот, а по прекинувањето на самитот следеа американски санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“ – први по враќањето на Трамп во Белата куќа.

Извори на Ројтерс запознаени со ситуацијата изјавија дека причината е бескомпромисниот став на Кремљ, кој „сакаше премногу“ и отфрли прекин на огнот во Украина .

По неуспешниот разговор со Рубио, Лавров повторно зборуваше за „нацистичкиот режим“ во Киев и побара да се решат „основните причини за конфликтот“.

Лавров тврдеше дека непосредното примирје би резултирало со тоа што поголемиот дел од Украина „ќе остане под контрола на нацистичкиот режим“ и дека Западот повторно ќе ги „надува“ украинските вооружени сили со оружје за „терористички акции во форма на напади врз руската цивилна инфраструктура“.
The post Земјотрес во Кремљ, никој не го очекуваше ова! Путин го „отстрани“ својот најблизок соработник поради голема грешка со Трамп appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: