Земјотрес во Црна Гора и БиХ

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, јавува РТВ.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран во 08:59 часот. Епицентарот на земјотресот се наоѓал приближно 71 километар источно-југоисточно од Сараево и 22 километри источно-југоисточно од Фоча, на длабочина од шест километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: