петок, 27 ноември 2026
Најново

Земјотрес од 6,2 степени го погоди регионот на Истанбул

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Истанбул денес попладне беше евидентиран земјотрес со сила од 6,2 степени според Рихтер. Согласно Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случи во близина на бреговите на Мраморното Море, во регионот на Силиври. Локацијата на епицентарот беше 39 километри југозападно од општината Бујукчекмеџе, на шест километри под морското ниво. Иако досега нема пријавено значителни материјални штети, граѓаните се предупредени да ги напуштаат зградите превентивно. Овој настан претставува еден од посилните земјотреси кој го потресе градот со 16 милиони жители во изминатите години.

Поврзани вести