Земјотрес од 6,6 степени

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе регионот кај брегот на Ел Салвадор, а службите за вонредни ситуации во централноамериканската земја соопштија дека нема првични извештаи за значителна материјална штета.
Американскиот Геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан на околу 27 километри југоисточно од пристаништето Ла Либертад. Земјотресот бил на длабочина од малку повеќе од 65 километри.


Институтот за цивилната заштита на Ел Салвадор на Твитер соопшти дека според првичните проценки, земјотресот „немал сериозни или поголеми“ последици. Морето кај Ла Либертад е мирно, додаде Институтот.
Не се издадени ниту предупредувања за цунами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.