Земјотрес од 7,5 степени по Рихтеровата скала во Папуа Нова Гвинеја

До силниот потрес во оваа пацифичка земја дошло во 22:58 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри, во планински предел на 40 километри оддалечен од згаснатиот вулкан Босави.
Според американската сеизмолошка служба , било издадено и предупредување за опасност од цунами.
– Можни се големи бранови на крајбрежјата во радиус од 1.000 километри од епицентарот на земјотресот, покрај брегот на Папуа Нова Гвинеја и Соломонските острови, наведено е во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.