Земјотрес со јачина од 3,4 степени погоди област со природен гас во Холандија

Северниот холандски регион Гронинген, дом на една од најголемите европски области богати со природен гас, во средата изутрина го погоди земјотрес со јачина од 3,4 степени, објави холандскиот метеоролошки институт.
Децениите екстракција на гас во Гронинген доведуваат до десетици помали потреси секоја година, оштетувајќи илјадници домови и предизвикувајќи незадоволство меѓу локалните жители, што ги поттикна властите да наметнат ограничувања на активностите. Земјотресот во средата е меѓу најсилните што некогаш го погодиле регионот, но засега нема пријавени жртви или штета.
По сличен силен земјотрес во јануари 2018 година, холандската Влада вети дека до 2030 година целосно ќе го прекине производството, а дека во наредните години за што пократко време се повеќе ќе го намалува.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.