Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала се случи утрово во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос, според податоците од Геодинамичкиот институт во Атина.
Епицентарот бил 74 км југозападно од Волимес на Закинтос на длабочина од 10,5 километри, објавува „Катимерини“.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета.



