Зетот на Цеца го прослави 30-от роденден: Анастасија не се одвојуваше од своето момче, додека потоа му запеа заедно со мајка и

Анастасија Ражнатовиќ заедно со својата мајка и тетка се појавија на прославата на 30-от роденден на своето момче Ѓорѓе Кулиќ.


Имено момчето на младата пејачка Анастасија во еден луксузен ресторан во Белград собра голем број на пријатели по повод неговиот роденден, а меѓу нив беше и мајката на Анастасија, Цеца заедно со својата сестра Лидија.


-Цеца беше многу расположена и уживаше со гостите. Едноставно блескаше, додека Анастасија не се одвојуваше од своето момче Ѓорѓе. Цела вечер се гушкаа и сите ја забележаа нивната љубов која никогаш не била посилна, вели извор и додава дека атмосферата била многу весела.
Инаку Саша Матиќ бил главниот пејач на вечерта, додека пееле и Александра Младеновиќ и Цеца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.