Голема количина златни прачки вредни десетици милиони долари беше забележана минатата недела пред Овалната соба, што предизвика шпекулации во американските медиуми за нивното потекло и намена, објавува „Њујорк пост“.
Извори наведуваат дека ова наводно е „дел од скриен магацин“ запленет од венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше уапсен од САД на почетокот на јануари и екстрадиран од земјата по обвинение за наркотероризам.
Според „Њујорк пост“, златото навистина дошло од Венецуела и златните прачки навистина требало да му бидат прикажани на американскиот претседател Доналд Трамп, но не е вистина дека златото е земено од тајниот магацин на Мадуро.
Весникот наведува дека златото би можело да биде од венецуелско потекло, но не и во лична сопственост на претседателот на таа земја.
Златните прачки беа испорачани како дел од договорот за соработка во рударскиот сектор меѓу САД и Венецуела, изјавија извори запознаени со ситуацијата за весникот „Њујорк“.
Американскиот министер за внатрешни работи, Даг Бургум, во интервју за „Фокс њуз“ потврди дека злато во вредност од околу 100 милиони долари од Венецуела пристигнало во САД минатиот петок.
Договорот наводно ја вклучува државната рударска компанија на Венецуела „Минервен“, која постигнала договор за продажба на злато на глобалната трговска компанија „Трафигура“.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува, според официјалните лица, да го поттикне обновувањето на венецуелскиот рударски сектор преку вакви договори и да го зголеми снабдувањето со стратешки минерали за американската индустрија.
Белата куќа не потврди директно дека златните прачки му биле предадени на претседателот, но изјави дека договорот за трговија со злато е дел од поширока економска соработка меѓу двете земји.
Пронајдете не на следниве мрежи:



