Цената на златото денес на меѓународните пазари се движи околу 143 евра за грам за 24-каратно злато, според последните податоци од европските пазари на благородни метали. Една унца (31,1 грам) се продава по 4. 445 евра
Златото и натаму се смета за едно од најсигурните средства за заштита на капиталот, особено во периоди на економска неизвесност и геополитички тензии. Во последните денови цената бележи умерени осцилации на светските берзи, главно под влијание на движењето на американскиот долар, инфлацијата и глобалните политички случувања.



