Злобната Руби преживеа рак и стана баба- сега е поубава од било кога

Барбара Мори кариерата ја започнала како манекенка, а најголема популарност добила како актерка во серијата Руби, која пред 15 години беше многу популарна во Македонија.
Злобната убавица неодамна наполни 41 година, а пред скоро три години стана баба.

Но, тоа според нејзиниот изглед не би се рекло.
Таа стана баба откако нејзиниот син Серхио доби ќерка на 18 години. На неполни 30 години Барбара се соочила и со рак на дојка.
-Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Поради некои причини Бог ме стави на тест и јас успешно го положив…Се изборив со болеста, го победив ракот и одам понатаму, рекла своевремено Барбара.
Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии во природно издание, кое предизвикува уште поголемо воодушевување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.