четврток, 12 ноември 2026
Најново

Змија запали куќа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претераната реакција на една жена во американската сојузна држава Тексас која се престрашила забележувајќи змија во својот двор, доведе до тоа да ја загуби својата куќа во пожар, јави локалната станица KSLA News.„Додека чистела, видела змија и ја полила со бензин и ја запалила“, соопштила локалната полиција.Меѓутоа, змијата избегала под куп кастрени гранки оставени во дворот кој се запалил, а пожарот наскоро се проширил на куќата која се наоѓа во округот Боуви во државата Тексас.И покај напорите на пожарникарите да ја спасат куќата, таа потполно изгорела. Оштетена е и соседната куќа.Полицијата соопштила дека ги истражува причините за пожарот, но и дека не е невообичаено животно кое е во пламен да предизвика пожар.„Да, тоа може да се случи со зајаци и големи полски глувци. Кога почнува сезоната на палење на тревата тие излегуваат од своите дувла и ги зафаќа огнот, а потоа тие ја шират додека бегаат наоколу“, изјавил локалните пожарникари, сепак признавајќи дека ова е првпат да слушнат дека змија предизвикала пожар.
МакфаксПретераната реакција на една жена во американската сојузна држава Тексас која се престрашила забележувајќи змија

Поврзани вести