Знаете ли за што луѓето најмногу жалат пред крајот на својот живот?

Животот поминува, додека да го сфатиме тоа, доаѓа тој последен час.
Медицинска сестра од Австралија посветила цело истражување на луѓето кој биле пред крајот на својот живот. Таа работела со луѓе кои боледувале од тешки болести и пред себе имале најмногу 12 недели живот. Па ова се петте работи за кои луѓето жалат пред крајот на својот живот:
1.Би сакал да имав барем повеќе храброст да го живеам животот онака како што сакав,помалку да им угодував на другите и да не го правев секогаш она што од мене се очекуваше.
– Ова е најчеста реченица на оние што се пред крајот на животот, бидејќи тогаш се свртуваат исклучиво само кон нивниот живот и жалат за своите неостварени соништа.
2. Би сакал да не работев толку
-Ова најчесто е изјава на сите машки пациенти,на кои можеби и целиот живот им недостигаат жената и децата. Но е честа и кај жените.
3.Би сакал да имав храброст да ги искажам моите чувства
-Многу луѓе ги кријат своите чувства поради другите. Како резултат на тоа продолжуваат да живеат еден вид на живот и не ја променуваат состојбата.
4. Би сакал да останев во контакт со сите пријатели
-Добрите пријатели претставуваат богатсво за секоја душа, затоа е најдобро љубоморно да ги чуваме и да го негуваме односот со нив.
5. Би сакал да си допуштев себе си да бидам среќен
-Многу луѓе до крајот на својот живот не сфаќаат дека среќата се избира.
 Животот поминува, додека да го сфатиме тоа, доаѓа тој последен час.
Медицинска се

Пронајдете не на следниве мрежи: