Знаете ли зошто скршено огледало носи 7 ГОДИНИ НЕСРЕЌА?

Во историјата, изработката на огледала била премногу скапа бидејќи, наместо од обично стакло, се изработувало од ретки материјали како вулканско стакло, па го имале само богатите семејства.

Но, дури и неговата вредност не ја поттикнала приказната за седум години несреќа со која ќе морате да се соочите ако го скршите.

Главните виновници за едно од најпопуларните верувања на сите времиња се венецијанските мајстори од 15 и 16 век кои не сакале да ја откријат тајната на својот занает, но биле и упорни во подигнувањето на вредноста на својата работа.

Но, дури и старите Римјани имале теорија според која огледалото ја фаќа душата па ако го скршите вашата душа ќе остане расцепкана во парчињата и ќе бидат потребни седум години како би се обновила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.