ЗНАМЕ ОД 1.423 МЕТРИ КВАДРАТНИ: БАЈКЕРИТЕ НА ПУТИН ГО ОСВОИЈА АНТАРКТИКОТ

Припадниците на рускиот мотоциклистички клуб Ноќни волци, кои се блиски до претседателот Владимир Путин, на Антарктикот го развиорија најголемото руско знаме, чија површина е дури 1.423 квадратни метри.
Необичната акција е изведена по повод Денот на националното единство на Русија, кој се одбележува на 4. ноември.
-На Антарктикот допатуваа десет луѓе. Патувавме неколку дена, преноќивме на брегот, рече Јуриј Волков, претседател на патриотската организација Сите светови.
Групата претходно ова знаме го разви на Кавказ, на Бајкалското езеро, на Крим и во Москва. Ноќните волци, кои некогаш важеа за мото-клуб од другата страна на законот, последните години станаа неизоставен декор на патриотска Русија поради ширење на рускиот национализам.
На членовите на клубот им е забранет влезот во повеќе европски земји и САД против нив воведе санкции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.