Знаци кои го издаваат дека е со вас за да ја преболи бившата

Додека некои луѓе го лечат скршеното срце со авантура за една ноќ, други утеха наоѓаат во нова врска.+
Најчесто таквите нови врски после раскинување немаат светла иднина и служат само за преболување на бившите, пишува Cosmopolitan. Нормално, никој не сака да биде „партнер за преболување“ бидејќи на тој начин на крајот самиот ќе заврши со скршено срце кога личноста која неодамна излегла од врска конечно ќе ја преболи својата бивша љубов. За на време да препознаете дека се наоѓате во таква врска, во продолжение проверете кои од знаците издаваат дека некој е со вас само за да го излекува своето скршено срце:


Често повторува дека помеѓу вас нема ништо сериозно
Ако инсистира вашата врска да не е сериозна, тогаш за тоа има и добра причина. Додека не ви потврди дека е подготвен да биде во сериозна врска, немојте премногу да се залетувате за да не завршите со скршено срце и да барате утеха во некој друг.
Очигледно сѐ уште не ја преболел бившата
Ако постијано ја спомнува бившата (макар и во негативен контекст) или пак одбегнува било каков разговор за неа, во тој случај е очигледно дека не ја преболел. А сѐ додека пати за некоја друга, нема да може во целост да ви се препушти вам.
Не сака емотивно да се отвори
Доколку не разговара за своите чувства, тогаш веројатно не сака ништо сериозно со вас туку само површна авантура.
Имате чувство дека само ве искористува за секс
Понекогаш е добро да им верувате на своите инстинкти, но доколку забележувате и други знаци, веројатно вашето чувство е точно.
Ви се чини како сѐ да се одвива пребрзо
Ако долго време бил во врска, можно е на почетокот и со вас да се однесува како да сте сериозен пар бидејќи на тоа веќе се навикнал. Но, тоа не значи дека со вас сака нешто сериозно, напротив, тоа најчесто е показател дека сте му само „девојка за преболување“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.