Зомби семафори за невнимателни пешаци: Гледаат во телефони, наместо каде одат, Тел Авив го направи ова за нив

Тел Авив ги презеде првите чекори за да им помогне на пешачите чие внимание е одвлечено од мобилните телефони, вградувајќи сигнални ЛЕД светилки на пешачките премини.
Телавивската општина инсталираше „зомби семафори“ оваа недела за да се намали опасноста возила да налетаат на невнимателни пешаци на премините.


Томер Дрор од општината Тел Авив – Јафа, задолжен за одделението за управување со сообраќајот, рече дека целта е смалување на несреќите предизвикани од „пешаци чие внимание е насочено кон мобилните телефони, а помалку на сообраќајот околу нив“.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија.
Светилките засега се вградени на само една раскрсница во централниот дел од Тел Авив но општината има намера да ги постави на други места ако се покажат како делотворни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.