Животното заловено вчера во населбата Козле во Скопје е вистински волк, а не куче или мешана раса.
Според соопштението на Зоолошката градина, идентификацијата е извршена по консултации со локални и меѓународни експерти.
Во текот на денот, во Зоолошката градина дојдоа и сопствениците на Сириус, чехословачко волчјо куче, потврдувајќи дека не станува збор за нивно куче, туку за вистински волк.
Властите велат дека животното нема микрочип, тежи околу 25 килограми и е во лоша хранлива состојба, бидејќи е неразвиено за својата возраст.
Исто така, од стручните служби беше земен примерок од крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.
Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, утврдиле дека станува збор за волк (Canis lupus), додека за дополнителна меѓународна верификација биле контактирани и европски институции и центри за волци.
Зоолошката градина апелираше да не се шират шпекулации и дезинформации, нагласувајќи дека дивите животни не треба да се чуваат како домашни миленици.
The post Зоолошката градина во Скопје потврди: Животното заловено во Козле е волк, а не куче, и е во лоша состојба appeared first on Во Центар.



