сабота, 28 ноември 2026
Најново

Зоран Николовски со порака до СДСМ и Поинаку: Доста е со старата политика, Битола заслужува нов почеток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независниот кандидат за градоначалник на Битола, Зоран Николовски, поддржан од Левица, ја претстави својата визија за развој и унапредување на градот. Тој посочи дека неговата цел е Битола да функционира ефикасно, со уредена инфраструктура, осветлени улици и булевари, детски игралишта, паркови и спортски објекти, како и со посветеност кон лицата со попреченост.„Битола не е главен град на Македонија, но е главен град на сите градови во Македонија. Сега е време да ја заприме регресивната и деструктивна практика на минатото и Битола да оди само напред“, изјави Николовски, упатувајќи порака до СДСМ и КУД „Поинаку“.Кандидатот истакна дека неговата визија е да направи град кој е хортикултурно уреден, еколошки чист, со инфраструктурни проекти и урбанистички решенија на ниво на светски метрополи. Николовски нагласи дека Битола заслужува иднина која ќе и го врати сјајот и ќе ги обнови надежта и насмевките кај граѓаните.„Ова не е само моја кампања, туку наша заедничка битка за најубавиот град – Битола. Промените во локалната самоуправа ќе започнат со првиот глас – со твојот глас. Време е за АРХИТЕКТ“, заклучи Николовски.

Поврзани вести