Зошто бананите растат свиткани?

Додека се зелени, бананите растат надолу, но одеднаш започнуваат со друг процес: се вртат нагоре кон сончевата светлина. И тоа го прават со цел да преживеат.
Зошто бананите растат свиткани?
Кога бананата ќе достигне одреден развој почнува со процес наречен негативен геотропизам. Ова значи дека наместо да растат постојано надолу, бананите се вртат кон сонцето за да добијат светлина, исто како и сончогледите. Што би се случило кога тие би растеле на страна, во права линија? Растението би ја изгубило рамнотежата и не би ја издржало тежината на плодовите. Според ова, сончевата светлина е клучна за развој на бананите.


Како изгледа процесот?
Бананите растат од цветот во правец кон земјата. Додека се развиваат, продолжуваат да растат надолу, но во одреден момент почнуваат со процесот негативен геотропизам, односно се вртат нагоре, што ги принудува да се свиткаат во спротивен правец формирајќи блага заобленост. Благодарение на заоблената форма тие преживуваат, а покрај тоа и растението е стабилно за да продолжи да се развива. Кој би претпоставил?!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.