„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца? Немате одговор. Ги пуштивме, бидејќи се корумпирани, да го дочекаат празникот со нивните семејства. А знаете ли каде ние ќе го дочекаме празникот? Не знаете? Еве ќе ви кажеме. Доручек, ручек, вечера на гробишта. Дали нашите ангели го заслужија тоа?“
Ова е пораката на семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Со сите надлежни институции вклучени во истрагата. Пред судот и обвинителството родителите на надлежните им ги покажаа сликите од своите деца и оти секое од нив имало професија, иден моден дизајнер, ди-џеј, бербер, лекар, келнер, информатички инжињер, иден инспектор, татко кој не го видел своето чедо.
Родителите на третиот протестен марш порачаа дека секоја сабота ќе излегуваат на протести, за да какошто велат ги потсетуваат челниците на оваа држава и оти до последниот здив ќе ја бараат правдата за сите починати и повредени на 16ти март.
Повеќе тука
The post „Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата appeared first on 365.mk.



