ЗОШТО ГО ПРАВИ ТОА? – Халанд откри зошто спие со селотејп на устата: „Треба да пробаш“

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд гостуваше во подкаст со познатиот Xoutuber Logan Paul каде откри некои навики во својот живот кои можеби ќе го направат најдобар напаѓач на денешницата.

ЗОШТО ГО ПРАВИ ТОА? – Халанд откри зошто спие со селотејп на устата: „Треба да пробаш“

Норвежанецот откри дека ја залепува устата и дека носи специјални очила кои го блокираат синото светло три часа пред да заспие, со цел да спие што е можно повеќе квалитетно.

„Спиењето е најважната работа на светот. За да спијам здраво, правам едноставни работи како носење очила што ја блокираат сината светлина и исклучување на сите уреди во собата. На долг рок, ми се исплати да правам мали работи за моето здравје“, изјави Халанд.

Водителот беше особено заинтересиран за делот на лепење на устата додека спие.

“Треба да пробаш да ја залепиш устата. Јас така спијам. Исто така, имам сауна дома, која се обидувам да ја користам секој ден”, додаде најдобриот стрелец на Премиершип.

Ерлинг Халанд со „само“ 23 години веќе остави неизбришлива трага во фудбалот.

Во кариерата одигра вкупно 241 натпревар на кои постигна неверојатни 190 голови и сигурно нема да застане тука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.