Зошто е добро да се исплачете?

Понекогаш ви доаѓа да се исплачете како мали деца. Плачењето не е слабост, туку нормално изразување на емоциите. Исто така, плачењето има неколку придобивки за здравјето, а Bright Side наведува кои се тие.
Плачењето може да им помогне на луѓето да се опуштат кога поминуваат низ стресен период. Според резултатите, плачењето ги активира парасимпатичките дразби на нервниот систем (PNS) кој кога ќе се активира, дејствува смирувачки на мозокот.
Крвен притисок
Високиот крвен притисок може да доведе до неколку сериозни здравствени проблеми како што се мозочен удар, инфаркт, деменција или откажување на бубрезите.


Но, плачењето го намалува крвниот притисок, го намалува пулсот и го држи под контрола.
Акумулација на токсините
Солзите кои течат од очите додека плачеме можат да ја исчистат нечистотијата, како што се чадот и прашината. Исто така, кога плачеме, нашите солзи ги „мијат“ токсините кои поради стресот се собираат во телото. По плачењето, се чувствуваме полесно.
Промени на расположението
Промените на расположението се случуваат поради повеќе причини. Еден од таквите е поради собирање на вишок на природниот манган во телото. Тој истекува заедно со солзите, а со тоа се намалува неговата концентрација во телото.
Болка
Кога чувствувате некаква физичка болка, ви течат солзи од очите. На тој начин телото го намалува чувството на болката. Солзите радосници ослободуваат окситоцин, познат како хормон на љубовта и ендорфин, хормонот на среќа.
Овие хормони ја олеснуваат физичката и емоционалната болка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.