Зошто е добро да спиете во ладна соба?

Температурата на воздухот во спалната соба може да има огромно влијание на квалитетот на вашиот сон. Иако шансите се дека поголемиот дел од вас не обрнуваат внимание на температурата на собата во текот на ноќта, за квалитетен сон најдобро е термометарот да покажува помеѓу 15 и 19 степени. Меѓутоа ако температурата е повисока од 24 степени или пониска од 13 степени, тоа може да доведе до немирен сон.
Зошто температурата е толку важна? Нашата телесна температура природно расте и опаѓа во текот на денот. Највисока е во доцните попладневни часови, а најниска е околу 5 часот наутро. Спиењето обично почнува кога ќе опадне телесната температурата, па студената соба може да ве поттикне побрзо да заспиете. Ако идејата за квалитетен сон не ве убеди во снижувањето на температурата во спалната соба, постојат други причини зошто можеби би сакале да го сторите тоа. Прочитајте во продолжение.


Ќе имате помирен сон
Некои облици на несоница се резултат на лошо регулирана телесна температура. Ако вам ви е тешко да заспиете навечер, ладната спална соба ќе ви помогне да ја намалите телесната температура, помагајќи ви да потонете во длабок сон.
Ќе изгледате помладолико
Спиењето во постудена просторија го поттикнува лажењето мелатонин во телото, кој е еден од најдобрите телесни хормони против стареење.
Ќе ви помогне да изгубите вишок килограми
Кога опаѓа телесната температура, се зголемува кортизолот, што ви овозможува поквалитетен сон. Кога не спиете доволно, вие ќе се разбудите со повисоко ниво кортизол – тоа значи дека постојат големи шанси да имате нагон за колачиња, и зголемена анксиозност.
Ќе го намалите ризикот од развојот на метаболички болести
Едно истражување открило дека спиењето во спална соба со 19 степени Целзиусови може да ви помогне да спречите да развиете одредени метаболички болести, како дијабетесот. Учесниците не само што согорувале повеќе калории во текот на денот, туку скоро ја удвоиле количината на телесни масти кои му помага на телото да складираат помалку калории. Со текот на времето, вака се намалува ризикот од метаболички болести.
Епа ајде, облечете ги своите омилени пижами, отворете прозор и уживајте во слаткиот сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.