Зошто е добро понекогаш да бидете себични во врска?

Сосема е во ред да ги задоволувате желбите и потребите на вашиот партнер (и тој вашите), бидејќи тоа е всушност единствениот начин за врската да функционира.
Сепак, во некоја долга врска, после неколку години, во кои сте ги ставале на прво место потребите на партнерот, вие можете да се почувствувате запоставено. Поради тоа, нема ништо лошо во тоа понекогаш токму вашите потреби да ги ставите на прво место, без ниту малку грижа на совест.
Во прилог прочитајте зошто е тоа така:
1. Ќе се случи тоа што мора
Земете за пример, дека вие размислувате да се преселите во некој друг град поради работа, иако имате прекрасна врска. Сепак, партнерот не сака да се пресели со вас, туку сака да остане таму каде што моментално се наоѓа. Тоа значи дека, барем на некое време, ќе одржувате врска на далечина, која може да го зајакне вашиот однос или целосно да го уништи.
Дури и ако врската прекине после извесен период, вие не сте донеле погрешна одлука да се преселите, која била со цел да си го подобрите својот живот.


Можеби е тешко да се разбере дека секое раскинување боли, но, дали навистина сакате да останете во врска со некој, кој не е способен да жртвува нешто за вас и да ви помогне да ги остварите своите сништа?
Многу е важно да не се загубите себеси правејќи компромиси со партнерот, само за вашата врска да функционира.
2. Кругот на најблиски луѓе е многу важен
Многу е тешко да ја ризикувате врската со тоа што вашите потреби ќе ги ставите на прво место, но љубовта не треба да биде ваш единствен приоритет во животот.
Со други зборови, без разлика на тоа што се во врска, вие треба да негувате пријателства, редовно да го посетувате вашето семејство, како и да одделите време за себеси.
Чувајте си го кругот со најблиските луѓе, кои ќе ве потсетат да бидете она што сте и да ја цените својата индивидуалност.
3. „Јас“, а не „Ние“
Кога ќе поминете подолго време со партнерот, лесно почнувате да размислувате и зборувате во множина. „Ние сакаме да го правиме ова“, „Ние не остануваме до доцна навечер“… и слични фрази. Иако нема ништо лошо во тоа што имате доста сличности, сепак не сакате буквално да се претворите во иста личност.
Веројатно, имате одредени желби за некои работи кои не му се доволно интересни на вашиот партнер, затоа уживајте во она што го сакате сами или со пријателите кои имаат слични интереси како вашите.
Значи, размислувајте за сопствените потреби и желби и погрижете се да ги исполните. Не заборавајте да комуницирате со партнерот и немојте во потполност да ги запоставите неговите потреби.
4. Знаете колку вредите, а знае и вашиот партнер
Пред да почнете да сакате некого, многу е важно да се запознаете себеси, да сфатите кој сте, за што се залагате и што заслужувате.
Кога во целост ќе се прифатите себеси, ќе бидете способни да прифатите и љубов, а тоа ќе донесе неверојатна промена во вашиот живот. Научете да се сакате себеси и да верувате во себе, така ќе бидете многу повеќе среќни.
Пронајдете партнер кој ќе ги почитува вашите амбиции, кој ќе ве поддржува во остварувањето на соништата, тоа е нешто непроценливо.
Меѓусебната почит и фактот дека се цените еден со друг ќе ве однесат многу, многу далеку и ќе го направат вашиот однос неверојатен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.