Зошто е штетно да ја варите водата неколку пати по ред? Може да биде опасна по здравјето!

Започнувањето на денот со шолја кафе е речиси сечија утринска рутина. Уморни или сонливи, кога ќе го ставиме бокалот со вода, не ретко го забораваме и речиси целата вода испарува.

Во тој случај, некои го истураат остатокот и пак додаваат вода. Други само додаваат вода и ја враќаат да зоврие.

Меѓутоа, ако спаѓате во втората група на луѓе, правите голема грешка. Имено, експертите тврдат дека на овој начин се зголемуваат соединенијата како арсенот, нитратите и флуорот, а тоа може да биде многу штетно за организмот.
Најголема опасност е всушност поголемата количина на арсен, што може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и труење, предупредува Светската здравствена организација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.