Зошто изгледате подобро во огледало отколку на фотографија?

Се погледнувате во огледало, ви се допаѓа како изгледате тој ден и решавате да го документирате тоа со фотографија. Но проблемот е што, никако не можете да го доловите изгледот што го гледате во огледало и излегувате многу полошо. Зошто е ова вака?

Фотографиите се само интерпретација на визуелна слика

Фотографиите се интерпретација на она што го гледаме, па затоа фотката и реалноста не може да бидат исти. Човечкото око е најнапредната оптичка алатка во светот и ништо не може да се спореди со него.

Одразот во огледало е обратен од оригиналот

Кога се гледале во огледало всушност веќе гледате изменета верзија на себеси, поточно обратна од вистинската слика во реалноста. Па кога ќе направите фотографија од себеси, шансите за доловување на овој изглед се мали.

Познатото е подобро

Одразот во огледало го гледаме секојдневно, а со тоа се навикнуваме на него. Причината за ова е таканаречениот принцип на познатост, кој предизвикува допадливост на нешто, повеќе од нешто друго, само поради тоа што ни е познато. Од истата причина што поеќе си го сакаме нашиот глас кога зборуваме, отколку кога се слушаме на снимка. Ова предизвикува да не ни се допаѓа и да одбиеме сè на што не сме навикнати, како на пример фотографија од нас, различна од одразот во огледало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.