Зошто лажниот оргазам никогаш не е добра идеја?

Имате секс со својот партнер и гледате колку се труди да ви причини задоволство, но од некоја причина никако не можете да го постигнете големото O. Без разлика дали сте уморни, не сте опуштени или пак едноставно тој не ве дразни на вистинското место, колку и да се трудите не ви поаѓа од рака.

Гледајќи го колку е внесен во сексот, си помислувате да го направите она што го прават многу жени – лажирање оргазам. Зошто да не? Кога веќе дава сè од себе…

Сепак, ако во иднина сакате да имате односи за паметење, лажниот оргазам е многу погрешна тактика. Сакајќи да не го повредите егото на партнерот, многу е веројатно дека ќе се скратите од сопственото уживање и тоа повеќе од што можете да претпоставите.

Истражувањата на оваа тема покажуваат дека лажирањето на оргазмот во суштина не во оди во прилог бидејќи на тој начин му испраќате погрешна порака на партнерот во врска со тоа што ве возбудува, а што не. Па додека тој се „труди“, а вие давате позитивна оцена и покрај тоа што знаете дека не сте задоволени, му испраќате лажна порака дека тоа што го прави ви се допаѓа. Ако лажирањето на оргазмот ви премине во навика лесно може да си го расипете уживањето на долг рок.

За да не се доведете во ваква ситуација, кога не можете да доживеете оргазам пристапете поинаку. Направете кратка пауза, сменете поза, отворено кажете му што сакате, обидете се со мастурбација…

На крајот на краиштата ако ништо од тоа не ви успее, ништо страшно. Не значи дека секој ден е одличен ден за секс.

Повеќе ИНТЕРЕСНИ и ПОУЧНИ ТЕКСТОВИ од областа на љубовта, водењето љубов и сексот на ПУЛС24 прочитајте ТУКА!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.