Зошто луѓето остануваат во несреќна врска?

Ако вашата врска полека бледнее и чувствувате дека повеќе не сте среќни мора да признаете дека збогувањето со драга личност не е лесно. Решавањето на несреќна врска може да изгледа неразбирливо, но често се случува.

Психолози од Универзитетот во Јута одлучија да го истражат проблемот со американските парови и самци. Неможноста на ставање крај на односот не произлегува од стравот од осаменост, туку во фактот дека во суштина сме алтруисти. Што всушност се случува? Замислуваме дека не можеме да ја напуштиме личноста бидејќи таа зависи од нас и не може без нашата врска.

Истражувањето докажува дека колку позависна изгледа другата личност од нас, толку повеќе се каеме пред да го раскинеме односот. Остануваме во несреќната врска бидејќи се грижиме за потребите на другата личност.

Во истражувањето учествувале 1.348 луѓе кои биле во романтична врска најмалку 10 недели и 500 кои размислувале за разделба најмалку два месеци.

Заклучокот е дека не сакаме да го повредиме партнерот и се грижиме за неговите потреби. Всушност, минуваме премногу време анализирајќи колку разделбата ќе биде болна. Ни се чини дека разделбата е признание на неуспех и ние едноставно создаваме маѓепсан круг од кој не гледаме излез.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.