Зошто луѓето повеќе не се замараат со новозаболените и смртноста од коронавирусот?

Смртта на една личност може да остави силен впечаток врз нашите емоции, но како што почнуваше да расте бројот на жртви, така растеше и нашата незаинтересираност. Зошто?

“Доколку погледнам гужва нема да продолжам да се движам, а ако има една личност тогаш ќе продолжам!”

Бројот на животи што ги одзеде коронавирусот веќе надмина 700.000, а пријавени се повеќе од 18,8 милиони случаи во 200 земји.

Секоја смрт е трагедија што се случува на индивидуално ниво, со семејството на жртвата кој останале шокирани и тажни.

Но, нашата неспособност да ги разбереме страдањата на толку многу луѓе може да има многу штетно влијание врз начинот на кој одговараме на ваквите трагедии.

Веќе има докази дека луѓето почнуваат да страдаат од презаситеност со вести за коронавирусот и дека помалку и помалку читаат за пандемијата.

Ова може делумно да се должи на психолошки феномен познат како „ментална вкочанетост“, т.е. идејата дека „колку повеќе луѓе умираат, толку помалку се грижиме“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.