Зошто луѓето се зависни од коцкање и дрога, но не и од секс?

Многу лесно можете да западнете во опасност и да станете зависни, но научниците откриваат дека сепак од некои работи не можеме да бидеме зависни колку и да мислиме дека тоа е можно. Синдромот на прекумерно играње игри, Светската здравствена организација го карактеризираше како зависност слична на дрога.


Стриктната дефиниција за зависност се однесува на болест која резултира со промена на хемиски состави во мозокот, а која предизвикува компулсивна конзумација на лекови, дрога и алкохол. Прекумерната употреба доведува до пореметување на секојдневните навики и животот, се одразува на работата, врската и сексот.
Одредени лекови и алкохол можат да го нарушат работењето на мозокот и да ги активираат оние функции кои се типични за борба за живот. Допаминот ја регулира оваа акција, но наркотиците го зголемуваат и прават да сакаме повторно да земеме повеќе.

Кофеинот е одличен стимулатор на мозокот и го активира овој систем, но на многу пониско ниво отколку оваа зависност од дрога. После внесувањето на кофеинот се чувствуваме будни, а кај некои се јавуваат и благи симптоми на криза кога ќе престанат да го конзумираат. СЗО изјави дека зависноста од кофеинот е пореметување.
Единственото однесување кое се дефинира како зависност е компулсивното кладење и коцкање. За да се дијагностицира, коцкарите мора да покажат сериозни симптоми вклучувајќи често кладење со големи суми на пари, лажење за да прикријат дека се коцкаат, иритантност и бес после пораз. Во зависно од однесувањето не се вклучува сексот, бидејќи постојат малку или ниту малку докази кои докажуваат дека тој има такво влијание на мозокот.
Многу екстремни коцкари, гејмери и зависници од секс имаат и симптоми на други пореметувања, вклучувајќи анксиозност, недостаток на внимание и депресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.