Зошто Меган Маркл секогаш носи еден број поголеми чевли

Откако се сврши, а потоа и омажи за британскиот принц Хари, Меган Маркл постојано е во жижата на интересирањето.
Затоа не треба да чуди што фановите, освен нејзините перфектни комбинации за облекување, забележале и необичен детал кој се повторува. Имено војвотката од Сасекс секогаш носи чевли кои се барем за еден број поголеми.


Ако може да и се верува на модниот експерт Хариет Дејви, за тоа постои логична причина.
-Познатите жени обично носат еден или два броја поголеми чевли, како би ги избегнале пликовите, а кога познатите личности како Меган носат високи потпетици често и долго, нозете отекуваат, што предизвикува болни пликови, па дури деформации, објаснила Дејви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.