Зошто Меган Маркл секогаш носи изгужвана облека?

Откако стана вовјотката од Сасекс, Меган Маркл се наметнува како една од најголемите трендсетерки и стилски икони на денешницата.
Секогаш е одлично дотерана во скапи дизајнерски креации, што и да облечеше во последнава година рапидно стана тренд, а стана и симбол за елеганција и стил и покрај една модна грешка, која постојано ја повторува.


Дали сте ја забележале?
Имено, облеката на Меган е речиси секогаш изгужвана, а тоа не го пропуштиле модните експерти, па така еден од нив за Дејли Меил објаснил зошто е тоа така.
Поранешниот креативен директор на брендот „Mulberry Scott Henshall“ тврди дека сè се сведува на лошиот избор на материјали.


„Стилистите на Меган треба да научат кои материјали не се склони на гужвање и да ја облекуваат во нив. Такви се, на пример, синтетичките материјали, како најлонот и полиестерот, кои имаат слаба моќ на апсорпција, но затоа и помалку се гужваат“, смета Хеншал, кој исто така ги советува да се угледаат на Кејт Мидлтон, чии модни избори по тоа прашање обично се многу попаметни од оние на Меган.
„Плетивата кои Кејт ги обожува, обично се направени од волна, памук и синтетички влакна и помалку се склони на гужвање“, советува Хеншал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.