ЗОШТО НА КОНЦЕРТИТЕ НА ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ ФАНОВИТЕ МУ ДАВАА ПЛИШЕНИ ИГРАЧКИ?Постои причина за тоа – сега е болен спомен!

АКО некогаш сте биле на концертот на Ѓорѓе Балашевиќ, сигурно сте забележале дека публиката го покрива со плишени играчки – зајаци, а понекогаш и со мандарини.
Најверните обожаватели знаат дека тоа е поради стихот во неговата популарна песна „Некои нови деца“, објавена во 1987. година.

Имено, во таа поема во која тој носталгично го опишува своето детство во Нови Сад, има стих:
”Kroz maglu treperi
Devet sveća na torti
Tad sam dobio par mandarina
I malog belog zeca”.
Плишените бели зајаци и мандарините се болен потсетник за многу фанови во регионот денес дека Балашевиќ повеќе го нема.
Остана само неговата музика.


Никола Силаџи, еден од администраторите на Фејсбук страницата „Ѓорѓе Балашевиќ – Фан Клуб“, која ја следат околу 10.000 луѓе, во име на фановите и обожавателите на починатиот уметник, за порталот „Jutarnji“ изјавил дека е тешко воопшто зборува за таков голем човек.
„Тешко е да се зборува во име на фановите на еден голем човек, како што е Ѓорѓе Балашевиќ. Самиот факт дека е напишано ‘беше’ во претходната реченица, на секој од оние што го слушаа и почитуваа, грлото му се стега. Многу од неговите стихови зборуваат за тоа каков бил, а можеби најдобрите се ‘и соништата се највредни само кога живеат со тебе, стареат со тебе’! Човек што гледаше со срце, сакаше со очи, пееше со душа и го кршеше мразот со своите зборови дури и во најстудените срца. Ќе остане запаметен засекогаш“, рекол Никола.


Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред четири дена, каде се лекуваше од пневмонија.
Пред неколку дена, извор близок до семејството откри дека кантавторот се чувствува добро и дека се шегувал со лекарите, сепак, според последните информации, славниот човек од Војводина починал на Клиниката за инфективни болести во Нови Сад после компликации од корона вирусот.
Балашевиќ е роден на 11. мај 1953. година во Нови Сад. Зад себе ги остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.