Зошто на никого не треба да му ги откривате своите планови и желби

Дали имате приметено дека јавноста многу малку знае за животите н богаташите и успешните луѓе. Тие имаа приватни авиони и вили на егзотични острови, а од друга страна носат стара облека. Дали знаете зошто е тоа така?

Многумина би помислиле дека се плашат некој да не ги ограби, но причината е сосема нешто друго. Еден успешен човек го објасни тоа: Правиот успех не се гледа во тоа што ќе го разгласиш на сите звона. На пример, неговите ќерки дознаа дека има приватен авион, дури кога наполнија триесет години.

Ако сакаш да ја избегнеш зависта и љубомората, прегрни ја тишината.

Доколку на сите им ги откриете своите планови, нивната реализација нема повеќе да ви биде интересна. Никој не мора да знае за твоите планови, желби, стремежи, успеси. На никого ништо не треба да му се објаснува.

Запамтете: Не е воопшто потребно на Фејсбук на сите да им покажете дека сте среќни.

Не е потребно на сите да им ги откривате вашите планови и желби за да ви се исполнат.

Не е потребно на сите да им кажувате дека сте депресивни. Не ви е потребно одобрение од други луѓе, за да почнете нешто.

Не е потребно својот живот да го промовирате на Инстаграм, за да покажете дека нешто работите. Не е потребно да го докажувате и објаснувате својот успех.

Наместо тоа, потребна ви е ТИШИНА. Ќе видите дека ќе се чувствувате многу подобро, по исполнето, по задоволно, по мирно и најважно – ќе ги постигнете своите цели, пишува Bright Side.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.