Зошто пивото е добро за вашето здравје?

Повеќето лекари сметаат дека умереното консумирање пиво може да биде добро за здравјето. Точно е дека виното има предност во некои случаи, но постојат работи кои треба да ги знаете и за пивото. Пивото го содржи витаминот Б како и многу протеини. Иако има придобивки, треба да го пиете во умереност за да има корисен ефект.
Зошто пивото е добро за вашето здравје?


Витаминот Б е потребен за добро здравје, бидејќи ни дава енергија, нормална функција на нервниот систем, ги регулира хормоните, му помага на менталното здравје, како и на здравјето на срцето и имунолошкиот систем. Едно до две пива на ден се исто така добри за вашите коски. Пивото содржи силициум кој не е достапен во многу видови храни, а е поврзан со здравјето на коските.
Американските центри за контрола на болести препорачуваат мажите да консумираат две пива на ден, а жените едно. Повеќе од тоа, може да има штетни ефекти врз здравјето.
Доколку сакате совршена чаша ладно пиво, оставете ја чашата во замрзнувачот неколку часа, а потоа пивото навистина ќе биде многу вкусно и освежувачко.
Пивото исто така можете да го додадете во супи и многу јадења кои вклучуваат цели зрна. Освен неговата консумација, можете да го користите и за вашата коса. Пивото ќе и даде сјај и ќе ја врати во живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.