Зошто пливањето е една од најдобрите методи за слабеење?

Првата асоцијација на многумина за губење на килограми е секогаш теретана, но факт е дека и пливањето има бројни бенефиции и дека може да биде корисно во процесот на слабеење.
Ниту една вежба нема истовремено да ги согорува калориите, да го забрза метаболизмот и да го затегне секој мускул во нашето тело како пливањето. Само со еден час пливање согорувате приближно 500 калории, макар што поинтензивното пливање како што е грбното се согоруваат и до 700 калории.


Тајната се крие во тоа што водата е 800 пати потешка од воздухот поради отпорот кој му се пружи на мускулите од различни смерови, додека водата во исто време ги растеретува мускулите и зглобовите, што не е случај речиси со ниту една друга вежба надвор од вода.
Погрешно е да се мисли дека е можно веднаш да се плива на “долга патека”, така што времето во базен треба постепено да го зголемувате, а треба да започнете од разумен и скромен почеток. Прилагодете го времето за пливање со своите можности и малку по малку зголемувајте го од ден за ден.
Многумина веќе после неколку минути во базен се чувствуваат исцрпено, бидејќи телото мора да се прилагоди на новиот начин на дишење, кардиоваскуларниот систем започнува да работи на поразличен начин, а организмот е под голем напор, бидејќи за движење во вода потребно е да се користат сите мускули.
Слободното време искористете го за посета на базен и навреме подгответе се за пролетниот и летниот период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.