Зошто руколата им е омилен зеленчук на многу спортисти?

Руколата е сјаен додаток на многу јадења. Сигурни сме дека се почесто читате за руколата и јадењата кои се служат со овој необичен лиснат зеленчук.
Најпопуларна е, секако, пицата со рукола која го освои светот со нејзиниот одличен вкус. Но, поради што ова растение е толку популарно и зошто многумина го сметаат за една од најдобрите намирница?


Во продолжение, прочитајте 7 причини кои најдобро ќе ви го објаснат тоа:
– Во стариот Рим, руколата се сметала за моќен афродизијак
– Руколата им се препорачува на трудниците, но и на доилките бидејќи ја зголемува лактацијата
– Ова растение го зајакнува имунолошкиот систем и коските
– Руколата спречува појава на рак, ги зајакнува крвните садови и го намалува холестеролот во крвта
– Редовното консумирање на рукола ги нормализира метаболичките процеси во организмот, го подобрува варењето и го зајакнува нервниот систем
– Руколата е неопходна за лицата кои патат од чир на желудик или гастритис. Таа исто така ги штити и зајакнува ѕидовите на желудникот
– Руколата содржи само 25 калории на 100 грама, поради што ја консумираат голем број спортисти
Она што морате да го знаете за руколата е тоа дека горчината на листовите се зголемува со нивната старост, па затоа е најдобро да се консумираат млади листови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.