Зошто сексот на плажа е навистина лоша идеја?

Со оглед на тоа што сите сме преплавени со романтични филмски сцени покрај море, многумина сметаат дека сексот на плажа звучи навистина секси. Море, плажа, песок, вие двајцата сосема сами покрај звукот на малите бранови што нежно ве галат на стапалата – едноставно не можете да не помислите на него. Но, нештата не се толку едноставни како што мислите. Погледнете ги следните четири причини зошто треба по секоја цена да го избегнувате сексот на плажа.
1. Песокот секаде се провлекува
Песочните плажи изгледаат како места од бајките кога станува збор за секс, но нештата се многу поинакви во реалноста. Ситни зрна песок можат да се залепат и протнат буквално секаде, притоа предизвикувајќи ви и болка при сексот. Ако случајно навлезат и во гениталиите, тогаш следува уште поголем проблем, што нè води до следната точка.


2. Може да добиете инфекции или да се повредите
Ако успеете да внесете песок во кој било отвор од вашето тело, големи се шансите да „закачите“ и некоја инфекција што потоа може да ви направи голем број проблеми. Исто така, со оглед на тоа што ќе бидете изложени голи на него, вие се ставате на ризик и од можни повреди на пенисот и на вагината.
3. Сексот на плажа никогаш не е спонтан
Иако филмовите го претставуваат така, вие најпрво мора да ја проверите областа каде што ќе легнете, да постелите нешто над неа и дури потоа да се „фрлите“ на работа. Ова може негативно да влијае на вашата. Да не зборуваме за фактот што доволно е да има барем малку ветер, па сè околу вас ќе се разлета ако не било добро прицврстено и ќе мора да станувате и да си ги собирате алиштата или пешкирите од околината.
4. Никогаш нема да бидете сами
Колку и да мислите дека локацијата што сте ја нашле е пуста, секогаш постојат луѓе што размислуваат на истиот начин како и вие. Доволно е само да погледнете под вашите нозе и да ги видите безбројните ѓубриња што луѓето ги оставаат зад себе, како остатоците од цигари, искршеното стакло… Со оглед на тоа што постојат големи шанси некој да пројде баш покрај вас во темнината, најдобро е да ја префрлите забавата меѓу вашите четири ѕида.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.