Зошто Скандинавците се сметаат за најсреќни луѓе во светот?

Овие земји секогаш се во првите десет во Светскиот извештај за среќа кој за првпат е објавен во 2013 година.
Зошто е тоа така?
Работно време
Скандинавците не посакуваат да станат милионери. На работа се вредни и успешни, но слободното време го поминуваат со нивното семејство и пријателите и се посветени на нивното хоби. Сето ова го постигнуваат бидејќи во Данска неделно работат само 37 часа. Повеќето вработени работат само до 4, па затоа имаат време за сè.
Данците не губат време пиејќи кафе со колегите туку гледаат што побргу да ја завршат работата. Имаат 5 недели одмор годишно. Ако работата им е премногу напорна, можат да земат т.н. „стресно отсуство“ кое им е платено.


Во Финска, вработените имаат право да си заминат 3 часа порано доколку ја завршат работата која им е предвидена за тој ден. Ако се разболите и живеете во Норвешка – тогаш имате право да добиете и до 3 недели платено отсуство.
Престој во природа
И покрај студеното време, Скандинавците се надвор и уживаат во природата. Тие дури имаат поговорка: „Нема такво нешто како лошо време, само лоша облека“.
Постојано пешачат, кампуваат, а во текот на работното време може да излезат надвор во природа.
Имаат доволно пари
Образованието и здравственото осигурување им е бесплатно, па затоа и имаат повеќе пари. Невработените лица земаат социјална помош.
Си веруваат едни на други
Да се ​​биде во можност да им верувате на другите значи дека тие веруваат дека другите се исто толку искрени и дека сите се грижат за општото добро. Во скандинавските земји стапката на криминал е значително помала отколку во другите земји во светот, па луѓето се чувствуваат безбедно. Веруваат дека доколку го изгубат паричникот некој ќе го пронајде и ќе им го врати.
Поддршка за родителите
Во Исланд младите мајки добиваат 9 месеци платено отсуство, а татковците три месеци. Во Шведска родителите добиваат до 480 дена платено отсуство и 80% од нивната плата.
Идните и новите мајки исто така имаат право да го намалат своето нормално работно време до 25% додека нивното дете не наполни 8 години и да добијат месечен додаток за дете додека детето не наполни 16 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.