Зошто треба да јадете лути пиперки?

Луѓето кои редовно јадат лута храна не само што си го продолжуваат животниот век туку имаат и помали шанси да добијат некоја тешка болест, како што е ракот, срцеви и респираторни заболувања, тврдат научниците.
Истражувачите претпоставуваат дека главна улога има капсаицин – активна супстанца која се наоѓа во лутите пиперки и која има антиоксидантско и противвоспалително дејство што помага во борбата против прекумерна дебелина и појава на рак.


Го чуваат нашиот имунитет: Силната црвена боја на чили пиперките сведочи за високиот процент на бета-каротен. Само неколку лажички чили дневно му даваат на телото дополнителна доза на витамините Ц и А кои се потребни за превенција од инфекции.
Спречуваат рак на простата: За превенција од рак на простата се препорачува да јадете луто три пати неделно.
Помагаат при дијабетес тип 2: Редовното внесување на чили може да спречи дијабетес од тип 2. Студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ зборува за тоа дека редовното внесување на чили ја намалува потребата на организмот за лачење инсулин со што се намалува нивото на шеќер во крвта по оброците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.