четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зошто треба да јадете малини?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Малините го зајакнуваат имунитетот и срцето, ја нормализират крвната слика и го регулираат шеќерот во крвта. Еве уште неколку дополнителни причини кои ќе ви покажат зошто е добро да го консумирате ова овошје секој ден.

Малините содржат најголема количина на растителни влакна. Една шолја малини содржи 8 г растителни влакна што е 32 % од дневниот препорачан внес.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Растителните влакна го чистат телото од непотребните токсини, помагаат против воспаление во цревата, а можат да ви помогнат и да ослабете.

Содржат голема количина на витамин Ц, манган, витамин К, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, калциум, тиамин, цинк, како и витамини Е, А и Б6.

Малините се богати и со антиоксиданси кои спречуваат појава на рак, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Исто така, докажано е дека антиоксидансите спречуваат стареење.