Зошто треба да јадете цреши секој ден?

Освен што се превкусни, црешите се многу здраво овошје.
Црешите содржат природни шеќери кои го подобруваат расположението и го креваат нивото на енергија.
Ова се неколку причини зошто почесто треба да јадете цреши.
Ви помагаат да спиете поубаво
Ако имате проблеми со несоница, јадете цреши за да спиете поубаво. Содржат мелатонин кој им помага на луѓето коишто страдаат од инсомнија.


Одлични се за видот и кожата
Уште една причина повеќе зошто треба да јадете цреши. Црешите се полни со витамин А, а дел од овој витамин е бета каротен кој го подобрува видот. Ретинол е уште еден дел од витаминот А кој ѝ помага на вашата кожа да изгледа здраво и свежо.
Редовното консумирање на цреши го намалува ризикот од појава на рак. Полни се со природни и моќни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од појава на канцер и ги намалуваат ефектите на стареење.
Црешите можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта, снижувајќи го нивото на лошиот LDL холестерол. Ова е важно бидејќи секој процент на холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 2 проценти.
Црешите ги чистат бубрезите и мочните канали, одличен диуретик се и го стимулираат излачувањето на урина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.