Зошто Хитлер мразел црвен кармин?

Низ историјата, карминот бил симбол на убавината, а во некои мрачни векови и на вештерство и проституција, пред да стане знак на гламур и елеганција.
Го носеле најпознатите жени во историјата, од Клеопатра, преку Мерилин Монро и Одри Хепберн, до Мадона и Ријана. Во античко време, па дури и денес, црвениот кармин за повеќето жени значел став.
Новинарката Рејчел Фелдер, која редовно носи црвен кармин, ја објави книгата „Тајно оружје. Приказната за црвениот кармин“ за историјата на овој клучен производ за жените и откри многу интересни факти, меѓу кои можеби најинтересниот е дека Адолф Хитлер едноставно не можел да го поднесе.
За време на Втората светска војна, црвениот кармин стана симбол на отпорот на жените во земјите од антихитлеровската коалиција. Тоа беше средство со кое тие изразија бунт против наметнатата „рационализација на дистрибуцијата на производи и стоки“. Црвените усни беа симбол на храброст, сила и пријателство меѓу жените.
Многумина дури и не знаат дека диктаторот Адолф Хитлер го мразел црвениот кармин и поради нешто друго. Според него, чистотата на ариевската раса се рефлектирала во природното, ненашминкано лице. Светлоцрвениот кармин бил премногу секси за овој диктатор. Покрај тоа, Хитлер бил фанатичен вегетаријанец, а во тоа време во козметиката се користеле животински состојки..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.