Иако дотогаш ќе биде избран нов претседател, папата Франциско ќе го пречека Иванов 

Иако на 5 мај завршува вториот круг на претседателски избори и државата би требало да има избрано нов претседател, папата Франциско во Скопје на 7 мај ќе го пречека актуелниот претседателот Ѓорге Иванов, објави “Фактор“.
“Папата пристигнува во Македонија на 7 мај, додека претседателот Иванов ќе работи во својот кабинет до 12 мај, кога е последниот негов работен ден. Иако вториот круг од претседателските избори е на 5 мај, тој останува во својот кабинет до 12 мај, кога треба да се изврши примопредавањето на функцијата. Тоа значи дека претседателот Иванов ќе го пречека гостинот“, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.