Ибрахимовиќ за својот роденден се почести со бесен „ѕвер“ вреден вртоглава сума на пари

Легендарниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 40-ти роденден, а на себе си подари и нов автомобил вреден цело богатство.
Станува збор за модел од марката Ферари SF90, кој е еден од првите електрични автомобили кој може да развие брзина и над 200 километри на час и има 1.000 коњски сили.


Почетната цена на овој модел верувале или не изнесува 430 илјади евра.
Овој автомобил е еден од неколкуте скапоцени кој ги има фудбалерот во неговата гаража, а вкупната вредност на сите заедно е некаде околу 8,5 милиони евра.


Инаку купувањето автомобили за роденденот на фудбалерот не е ништо ново, тој лани за својот 39-ти роденден се почести со Порше 911 во златна боја, а општо познато е дека Ибрахимовиќ е љубител на марката Ферари, па дури има четири автомобили од овој производител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.