ИБУ организира панел за регионална соработка со учество на г. Мевлут Чавушоглу

На значителен академски и дипломатски настан, Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) со чест беше домаќин на господин Мевлут Чавушоглу, член на Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, кој учествуваше во панел-дискусија на тема “Геополитика, дипломатија и правни рамки за регионална соработка на Балканот.” Собитието ги привлече различни угледни учесници, вклучувајќи го и министерот за европски прашања на Северна Македонија, господин Орхан Муртезани, пратеници, дипломати, претставници на невладини организации и академски работници од регионот, што го истакна значењето на настанот и улогата на ИБУ како центар за дијалог и меѓународна соработка. Церемонијата почна со импресивно претставување на промотивно видео за ИБУ, кое овозможи на присутните да забележат динамиката во академските процеси, разноликоста меѓу студентите и стратегијата за идниот развој на универзитетот. По видеото, уводните зборови ги имаа ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, раководителката на Правната клиника, доц. д-р Ебру Ибиш и раководителот на Центарот за балкански истражувања, доц. д-р Фламур Исмаили, кој беше и модератор на дискусијата. Како клучен говорник, господин Чавушоглу го воодушеви собранието со своите длабоки познавања во меѓународните односи и регионалната дипломатија, изнесувајќи ценени искуства од својата дипломатска кариера и нудејќи подетален увид во геополитичките изазови и можности на регионот. Со акцент на правната соработка, културниот дијалог и регионална солидарност, настанот, започнат од Центарот за балкански истражувања и во соработка со Правната клиника при ИБУ, потврди дека ИБУ е пионерска институција за критички пристап и меѓукултурна размена. ИБУ продолжува да оживува како лидер во академските и интелектуалните кругови на Југоисточна Европа, давајќи силен придонес кон регионалниот развој и академската превосходност. Ваквите настани ја демонстрираат посветеноста на универзитетот кон академски напредок и изградба на значајни врски во политичките, дипломатските и академските сфери на Балканот.

Пронајдете не на следниве мрежи: