Ивановска: Ако нема реакција на Собранието за скандалот во Антикорупциска, ќе му потоне интегритетот

Во моментов не е толку важно како претседателката на ДКСК Татјана Димитровска ќе се произнесе по објавата дека е осомничена за случајот „Адитив“ и дали таа ќе си поднесе оставка. Сега на потег се Собранието и комисијата за политички систем, коишто се надлежни за Антикорупциска. Тие треба да го преиспитаат работењето на сите процеси во ДКСК. Доколку Собранието не реагира на ваков скандал, подразбира дека тоа ја прифаќа таквата игра, вели Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, во емисијата „Пресврт“.
– Собранието мора да се грижи за својот интегритет. Премолчувањето односно непреземањето чекори за скандалот во Антикорупциска, ја нарушува сликата за пратениците, но и за Собранието како институција. Одобрувајќи го лошото кај другиот, стануваме дел од тоа. Доколку пратениците сакаат да живеат во ваква слика во која се наоѓа општеството, ќе се однесуваат како што сега се однесуваат. Доколку посакуваат нешто да подобрат, ќе тргнат од себеси што може секој да подобри и единствено така ќе се создаде подобро општество – вели Ивановска.
Поранешната претседателка на Антикорупциска, Ивановска, уверува дека државата преку нејзините институции има капацитет да се избори против ова зло, кое се нарекува поткупливост и криминал.
Повеќе тука
The post Ивановска: Ако нема реакција на Собранието за скандалот во Антикорупциска, ќе му потоне интегритетот appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: